Одбележување

40 години Богословски факултет

06.12.2017 15:35

Четири децении Богословски факултет. Низ годините се соочивме со негирања и условувања од нашите браќа од север, рече во својот говор архиепископот Г.Г. Стефан. Сегашниот статус- придружна членка на УКИМ е добар, но е недоволен.

За 40 години од постоењето на Богословскиот факултет се соочивме со негирања и условувања од нашите браќа од север. Тие дури го условуваа учеството на нивниот Богословски факултет на разни средби во случај на наше присуство- рече во својот говор архиепископот Г.Г. Стефан на чествувањето од формирањето на Богословскиот факултет. 77-та, рече архиепископот, со радост прозвучи веста за отворањето на овој факултет, но во Србија само еден професор се одважи да го поздрави почетокот. Останатите не игнорираа.

Сега статусот придружна членка на УКИМ е добар, но недоволен- нагласи Г.Г. Стефан. На Богословскиот факултет потребни се кадровски проширувања, нов објект, но и студентски дом. Недостасува соодветен третман како од членовите на Синодот, така и од државните институции- смета архиепископот охридски и македонски.

Во своето четири децениско постоење, Богословскиот факултет изнедрил над 400 дипломирани теолози. За залагањата за успешен факултет, благодарници добија архиепископот Г.Г. Стефан, владиката Тимотеј и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

 

Миле Ристески