Унивирзитетот „Св. Климент Охридски“ со низа активности го чествува својот патрон

06.12.2017 15:42

Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“, како второформиран универзитет во земјава, близу четири децении ги следи универзалните пораки на патронот, големиот светител и просветител. Некогашната скромна високонаучна институција, денеска со својот потенцијал и кадар е движечка сила во регионов и преку меѓународната соработка овозможува студентите да имаат на располагање и многу меѓународни студиски програми...

Во духот на универзалните пораки на нашиот патрон продолжуваме со едукативните и истражувачките дејности, несебично да ги отвориме новите видици на студентите. Студентката Деспина Звездаковска од Економскиот факултет е само едната од последната учебна година што ја предводи листата на наградени студенти, кои завршиле со успех- просек 10.

„Да се заблагодариме на универзитетот што го цени и правилно вреднува трудот на студентите. Се надевам дека со ова и тие се гордеат, а и дека државата тоа ќе го почитува и како идни академски граѓани ќе ни даде шанса да помогнеме со нашата наобразба“, вели студентката Деспина Звездаковска.

Пред близу четири децени по иницијатива на неколку општини беше второформираниот универзитет во земјав. Некогаш скромната по ресурси високообразовна институција денска е развиен унивезитет со многу свои единици, студиски програми и солидна меѓународна соработка како членка на Европската асоцијација на универзитети.

„Имаме околу 364 професори и вкупно 500 вработени на универзитетот. На сите три циклуси имаме околу 8.000 студенти. На вториот и третиот циклус, најголем е бројот на меѓународни студенти, затоа што имаме студиски програми и на англиски јазик, а и размена на студенти“, вели ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски.

„Оваа година имаме девет меѓународни проекти од кои шест се од програмата за прекугранична соработка со Грција, три од Балкан- нет програмата и еден нов Еразмус проект“, вели проректорката по настава, проф. д-р Елизабета Бахтованска.

Со нетрпение се чекаат и резултатите од надворешната еваулација направена од европската асоцијација. Инаку во рамките на чествувањето на патронот, беа промовирани и единаест нови доктори на науки, а со локалната самоуправа потпишаа мемоморандум за темелна соработка.

Стевче Митревски