Жалби на одбраната за 30- дневниот притвор на Мукоски, Арнаудов и на Василевски

07.12.2017 10:21

Од Обвинителството не се жалат на изречените мерки- куќен притвор за пратениците Пешевска, Димовски и Тарчуловски...

Во законскиот рок, адвокатите на пратрниците Мукоски, Арнаудов и на Василевски, поднесоа жалба на одлуката на Судот да им биде одреден 30-дневен притвор.

Од Обвинителството не се жалат на изречените мерки- куќен притвор за пратениците Пешевска, Димовски и Тарчуловски. Обвинителството отвори истрага за 36 лица, меѓу кои се и пратениците, за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за собраниските настани од 27-ми април.

Членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со секојдневните протести, против, како што велат, политичкиот реваншизам. И синоќа се протестираше пред Министерството за правда.