Продолжение на судењето за случајот „Тотал“

07.12.2017 10:29

На претходното рочиште судијката констатира дека не се испочитувани законските услови за одржување расправа, бидејќи не се определени законски застапници за фирмите.

Продолжува судењето и за предметот „Тотал“, во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас. На претходното рочиште судијката констатира дека не се испочитувани законските услови за одржување расправа, бидејќи не се определени законски застапници за фирмите.

Одбраната забележа дека дел од доказите на Специјалното јавно обвинителство се поднесени на недозволен начин, на што судијката одговори дека таа не е надлежна за тоа туку Судскиот совет кој одлучил да почне постапката.

Осомничениот се товари дека во периодот од 2008-ма до 2015-та заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави, давале лажни податоци, со што го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.