Претседателот Иванов учествува на форумот „Мир и Спорт“ во Монако

07.12.2017 10:31

Ќе бидат разгледани начините на кои општествените иновации употребени во спортот, можат да се искористат за справување со тековните општествени проблеми и идните предизвици.

Претседателот Ѓорге Иванов во Монако ќе учествува на 10-от меѓународен форум „Мир и Спорт“, што се одржува под покровителство на Принцот Алберт Втори. Ќе бидат разгледани начините на кои општествените иновации употребени во спортот, можат да се искористат за справување со тековните општествени проблеми и идните предизвици.

На форумот ќе учествуваат повеќе од 500 делегати од 110 држави, меѓу кои, политички лидери, претставници од бизнис-елитата, од меѓународните организации и граѓанското општество, претставници на академската заедница, истакнати спортисти и добитници на Нобеловата награда за мир.

Претседателот Иванов ќе оствари и билатерална средба со Принцот на Монако Алберт.