Презентација на извештајот од проверката на АКМИС системот

07.12.2017 10:41

Работна група досега изврши проверки на АКМИС системите во Врховниот, Апелацискиот суд и во Кривичниот суд.

Во Министерството за правда ќе бидат презентирани наодите од увидот во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од судскиот деловник во судовите. Работна група досега изврши проверки на АКМИС системите во Врховниот, Апелацискиот суд и во Кривичниот суд.

Во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе беше констатирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС системот, кој ги автоматизира и ги следи предметите од иницијалното отвoрање на предметот преку негово доделување, било да е кривичен, прекршочен или граѓански.