ЕУ: Крајниот рок за договор со Лондон в недела на полноќ

07.12.2017 14:25

Главното отворено прашање во претворите е идниот статус на границата меѓу република Ирска и британската покраина Северна Ирска...

Европската комисија ја предупреди Велика Британија дека рокот за постигнување напредок во затворањето на првата фаза од преговорите за излегување за земјата од ЕУ истекува в недела на полноќ.

Главното отворено прашање во претворите е идниот статус на границата меѓу република Ирска и британската покраина Северна Ирска, а потоа и идните трговски односи кога Велика Британија ќе биде надвор од ЕУ, статусот на државјаните на членките на Унијата во земјата и на британците во блокот, како и сумата што Лондон треба да му ја плати на Брисел во рамки на преземените идни обврски.