НУБ „Св. Климент Охридски“ го одбележа патронатот

07.12.2017 15:34

Со повеќе активности, Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ денеска го одбележа патронатот. Беа доделени и традиционалните награди за вработените во библиотеката...

Народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ го слави својот патрон. Отворена изложба „Ликот на Свети Климент низ современата уметничка призма“.

„Оваа библиотека е мошне важна за сите нас, не само поради историјата и знаењето што ги акумулира во себе, таа е место во кое што живее и се негува нашиот јазик, столбот на македонскиот идентитет. Таа е продолжување на мисијата на Свети Климент“, рече министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Од денеска е достапна и бесплатна електронска верзија на правописот на македонскиот јазик, поставена на интернет страницата на библиотеката.

 

Александра Спировска