Вработените во „Фени“ добија плата

07.12.2017 15:55

Трите банки денеска соопштија дека разговараат со потенцијалните инвеститори, а со еден од нив веќе имаат потпишано меморандум за разбирање, но потсетуваат дека финалната одлука за тоа кој ќе биде идниот газда на комбинатот, ќе биде донесена во рамките на стечајната постапка.

Вработените во кавадаречки „Фени“ добија плата за ноември и сега практично не им е исплатена само една плата која како побарување влегла во стечајната маса.

Вчера стечајниот управник Мирослав Атанасиевски потврди дека доверителите кои поднесоа барање за стечај ги депонирале потребните средства на банкарска сметка. Сите вработени ќе потпишат договор со „Фени во стечај“ како правно лице и нема да имаат прекин во работниот стаж.

Трите банки денеска соопштија дека разговараат со потенцијалните инвеститори, а со еден од нив веќе имаат потпишано меморандум за разбирање, но потсетуваат дека финалната одлука за тоа кој ќе биде идниот газда на комбинатот, ќе биде донесена во рамките на стечајната постапка.

Пресудно ќе биде чиј план за реорганизација ќе биде најдобар и нуди иднина за топилницата, се вели во соопштението на трите банки.