Констатирани недоследности

07.12.2017 16:59

Претставен извештајот по увидот на системот АКМИС. Констатирани одредени недоследности во Кривичниот и во Врховниот суд. Нема забелешки за Апелација...

„Во Кривичниот и Врховниот суд во последните две години во најголем дел распределбата на предметите се одвивала со очекуван избор, а не со случаен како што предвидува системот АКМИС“- во Министерството за правда презентирани наодите констатирани од увидот во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од судскиот Деловник. Во Апелацискиот суд било констатирано дека системот редовно се користи.

Претседателот на работната група која што го подготви извештајот, судија Лазар Нанев, изјави дека при увидот во Кривичниот суд во Скопје постојат 860 предмети за кои нема доделен судија. Со ова, како што рече, се доведува во прашање точноста на месечните и годишните извештаи за работата на судиите.

Министерството за правда побара доследно да се почитува Законот за судовите и Законот за управување со движење на предметите, а и да се зајакнат контролите на повисоките врз пониските судови. Апелот до Судскиот совет е постојано да ја следи работата на судовите во спроведување на системот АКМИС.

Игор Панов