Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ

14.12.2017 10:59

Ќе настапат студентите: Анастасија Грговска - пијано, Томе Костовски - пијано, Динко Стипаничев - контрабас, Симон Поповски - виолина, Стефан Илиев - труба, Богдана Бушевска - флејта и Александра Илиева - саксофон.

„Звукот на идната генерација“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија и седум студенти од Факултетот за музичка уметност-Скопје.

Ќе настапат студентите: Анастасија Грговска - пијано, Томе Костовски - пијано, Динко Стипаничев - контрабас, Симон Поповски - виолина, Стефан Илиев - труба, Богдана Бушевска - флејта и  Александра Илиева - саксофон.

Избрани се по пат на аудиција и ќе изведат дела од Чајковски, Хачатуријан, Ботесини, Прокофјев, Енеску, Ибер, Мијо.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го води диригентот Сашо Татарчевски.