Играна серија

МОСТ

Понеделник, 23:05

Шведска/ Данска, 2011

Улоги: Рафаел Петерсон, Софија Хелин, Даг Малмберг, Ким Бодниа, Пук Шарбау

Жанр: трилер/ криминалистички

Исклучително возбудлив и неизвесен трилер од 30 епизоди. Едно женско тело е откриено на мост, кој ја означува границата помеѓу Шведска и Данска, а за детективите претставува најкомплициран случај. Ова е само почеток на планот на убиецот кој себеси се нарекува терорист на вистината, и сака на властите да им ги отвори очите. Шведската и данската полиција заеднички го решаваат случајот. Текот на истрагата покажува дека се работи не само за едно, туку за две убиства. Полицајците од двете земји очајнички се обидуваат да го пронајдат убиецот кој ги преминува сите граници на злодела за да ја пренесе својата порака. Кога сè ќе се заврши, животот на ликовите веќе нема да биде ист.