Леуварден и Валета престолнини на европската култура во 2018-та година

19.12.2017 11:40

Организаторите на програмата за 2018-та во Леуварден најавија отворање на целогодишната манифестација на 26-ти и 27-ми јануари кога сите плоштади на градот ќе бидат поврзани со настани со танц, театар, музика и песна. Идејата им е да го покажат нивниот „iepen mienskip“ односно отворено општество.

Холандскиот град Леуварден и Валета, главниот град на Малта, ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2018-та година. Ја преземаат од данскиот Орхус и кипарскиот град Пафос.

Организаторите на програмата за 2018-та во Леуварден најавија отворање на целогодишната манифестација на 26-ти и 27-ми јануари кога сите плоштади на градот ќе бидат поврзани со настани со танц, театар, музика и песна. Идејата им е да го покажат нивниот „iepen mienskip“  односно отворено општество.

Леуварден е административен центар на покраината Фризија во северна Холандија која е најголема доколку се бројат и водните површини и е единствена покраина во Холандија со свој јазик (западнофризиски). Има неколку острови кои со копното се поврзани со траектен сообраќај и четири национални паркови.

Главниот град на Малта, Валета, е исто така европска престолнина на културата наредната година. Организаторите најавија дека нивната едногодишна културна манифестација ќе почне со свеченост достојна на традиционалната Maltese Festa, поканувајќи ги Европејците да ја посетат Неделата на отворање (14-21 јануари).

Програмата со улични перформанси, изложби, фестивали, дигитални проекции и видеоарт ќе почне во главниот град, но ќе продолжи низ цела Малта и нејзините острови.