Музичкиот спектакл „Мама миа!“ премиерно на сцената на МНТ

19.12.2017 14:53

Светски познатиот мјузикл „Мама Миа!“ во Скопје. Копродукција помеѓу МНТ и словенечката компанија „Проспот“, која ги има екслузивните права за мјузиклот во земјите од регионот. Над 30 актери два месеци интензивно се подготвуваа учејќи да танцуваат и да ги пеат на македонски песните на шведската група АББА...

Над 50 милиони луѓе низ светот се вљубени во ликовите, приказната и музиката на театарскиот спектакл „Мама Миа“. В недела на сцената на Македонскиот театар, комичната приказна за тинејџерката која е во потрага по својот татко на еден грчки островски рај, ќе ја раскажат актерите на МНТ, ветувајќи патување низ времето, кое нема никогаш да го заборавите.

Раскажувачката магија на безвременските песни на АББА претставува двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавна 180 минутна претстава, вели режисерката Поплавска.

По премиерата в недела, незаборавниот светски спектакл „Мама Миа“ на репертоарот на МНТ ќе игра на 26-ти, 28-ми и 29-ти декември.

 

Александра Спировска