Роналдо најдобар спортист во изборот на Европските новински агенции

26.12.2017 15:32

На гласањето кое традиционално се организира од страна на полската агенција ПАП учествуваа 26 новински агенции.

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, втор пат по ред, е прогласен за најдобар спортист на Европа во јубилејниот 60. избор на новински агенции од континентот.

На гласањето кое традиционално се организира од страна на полската агенција ПАП учествуваа 26 новински агенции.

Роналдо во годинава што изминува со Реал Пример ја освои Лигата на шампионите, шпанската Примера, шпанскиот куп, Европскиот Супер Куп и ФИФА светскиот клупски куп. Со португалската репрезентацијата се пласира на Светското првенство во Русија.

Тој доби вкупно 159 поени. По него се пласира светскиот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон со 143 поени, трет е швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со 124 бода.

Во ТОП 10 се најдоа и: Рафаел Надал - тенис (113), Сара Сјестерн - пливање (75), Марсел Хиршер – скијање (68), Лаура Дахлмејер – бијатлон (51), Мо Фарах – атлетика (51), Крис Фрум - велосипедизам (50) и Катарина Стефаниди - атлетика (41).