Нова инвестиција: во ИТ секторот влегува британска Ендава!

20.02.2014 14:36

Извршниот директор на компанијата, Џон Корејл, објасни дека Македонија е избрана по низа истражувања како држава каде што има брз раст на овој сектор, но и држава со економски раст...

Англиската компанија Ендава, која важи за една од поголемите во ИТ секторот за производство на софтвери и софтверски решенија денеска ја најави инвестицијата во земјава- отворање на своја филијала, со што во следниве три до четири години планира да вработи 450 ИТ инжењери.

Извршниот директор на компанијата, Џон Корејл, објасни дека Македонија е избрана по низа истражувања како држава каде што има брз раст на овој сектор, но и држава со економски раст.

Главниот град на земјава е избран по анализа на 40 градови од Југоисточна Европа.

Веќе започнале обуките на неколкумина висококвалификувани софтвер инжењери, а во втората фаза од инвестицијата се најавуваат нови работни места и во другите градови од Македонија кадешто има факултети за информатичко технолошки науки.