Игран филм

ВДИШИ

Среда (18.04.2018) 20:45
САД, 2013

Режија: Дрејк Доремус
Улоги: Гај Пирс, Фелисити Џонс, Ејми Рајан
Жанр: романтична драма

Интимна и интелигентна романтична драма за една забранета љубов која „одекнува како симфонија“.
Софи е млада студентка која по пат на размена доаѓа во едно среќно семејство на север од Њујорк, каде што таткото на семејството ù дава часови по клавир. Меѓутоа, нејзиниот копнеж по возбуда и незадоволството на Кит од брачниот живот прераснуваат во опасна романтична врска од која Кит го ризикува својот мирен и удобен живот во предградието, и си го загрозува бракот.