Синдикалците се заканија со протест

28.12.2017 16:11

Конфедерацијата на слободни синдикати за 17-ти јануари најави протест пред Владата. Бараат усогласување на платите во јавниот сектор согласно со зголемувањето на минималецот, преговори за општ колективен договор, запирање на притисоците кон синдикалните претставници. КСС испрати повик за средба со надлежните за решавање на проблемите...

Конфедерацијата на слободните синдикати се закани- на 17-ти јануари излегува на протест доколку не се исполнат барања. Бараат да претстанат притисоците врз јавната администрација и синдикалните претставници, да се усогласат платите во јавниот сектор и да почнат преговори за измена на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

Од КСС ја повикаа Владата најдоцна до 16-ти јануари да организира средба со синдикалните претставници со цел да се изнајдат заеднички решенија.

Од СОНК предупредија и дека доколку не се изнајдат заеднички прифатливи решенија, ќе се доведе во прашање почетокот на второто полугодие од учебната година и работата на градинките.

 

Дијана Ценевска