Горива

Акцизата го поскапе дизелот

29.12.2017 10:38

Новата цена на Еуродизелот на 1-ви јануари треба да изнесува 58,5 денари за литар...

По последното зголемување на цената на дизелот од 25-ти декември, од 1-ви јануари таа ќе се зголеми за нови 3,5 денари, поради воведувањето на повисоката акциза за овој вид дериват. Со тоа, новата цена на Еуродизелот на 1-ви јануари треба да изнесува 58,5 денари за литар.

Дизелот ќе има нова цена и една недела потоа, по Божикните празници, кога Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе нова редовна одлука за определување на највисоките цени на нафтените деривати.

Приходите што се планирани во Буџетот за 2018-та година од зголемувањето на акцизата за три денари изнесуваат 1,6 милијарди денари и од ДДВ од продажба на дизелот за околу 350 милиони денари.

Според најавите, парите од акцизата треба да се трошат  за капитални проекти во образовнието, за детските градинки, библиотеки, рамномерен регионален развој, капитални инвестиции во општините, здравство и други сфери, а со цел да не се зголеми дополнително јавниот долг.