Расте извозот од индустриските зони, има интерес за нови инвестиции

03.01.2018 11:08

По објавувањето на планот за економски раст, забележан е зголемен интерес за нови инвестиции на компании со домашен и странски капитал, што укажува на раздвижување на инвестициската активност на компаниите, стабилизација на деловната и политичка клима и услови за поинтензивен економски раст во 2018-та, соопштуваат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Комапниите што работат во индустриските зони лани оствариле за 29,2 проценти поголем извоз во однос на 2016-та година. По објавувањето на планот за економски раст, забележан е зголемен интерес за нови инвестиции на компании со домашен и странски капитал, што укажува на раздвижување на инвестициската активност на компаниите, стабилизација на деловната и политичка клима и услови за поинтензивен економски раст во 2018-та, соопштуваат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Посочуваат дека првпат во зоните се нудат еднакви и транспарентни услови за инвестирање и ги отвораат вратите за домашните инвеститори. Покрај договорите и изградбата на нови фабрики, за годинава се најавува со работа да почнат македонската „Хај-тек“  и компанијата „Герман електро системс“, а италијанската „МСА“ е во финална фаза на изградба на новата фабрика.