ВМРО-ДПМНЕ: Притворените се жртва на политички прогон

03.01.2018 13:34

Полицијата во нивните домови не најде ниту едно парче оружје или каков било предмет со кој би можела да се загрози безбедноста, стои во дописот од опозициската партија...

Приведени пратеници, но и уметници, артисти и други лица не се терористи, туку политички затвореници. Никогаш ниту сториле, ниту имале намера да сторат нешто против сопствената земја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Притворените од 27-ми април се жртва на политички прогон и против нив се води случај без никакви докази и аргументи. Полицијата во нивните домови не најде ниту едно парче оружје или каков било предмет со кој би можела да се загрози безбедноста, стои во дописот.

Според опозициската партија, Република Македонија не е демократска држава. 12 проценти од опозицијата е во притвор. Демократијата, правната држава и владеењето на правото мора да се вратат во Македонија, а судот треба да биде гарант на законитоста во постапките и е должен за се издигне над притисокот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.