Комплетирани осум жалби за притворот за 27-ми април

03.01.2018 15:10

Како што велат од Кривичниот суд, во текот на денот ќе бидат доставени до Апелација на натамошно постапување.

Oсум жалби на одлуката на кривичниот совет во скопска единица, да им го продолжи притворот на осомничените за собраниските настани од 27-ми април се комплетирани. Како што велат од Кривичниот суд, во текот на денот ќе бидат доставени до Апелација на натамошно постапување.

Минатата недела Кривичниот суд им го продолжи притворот на сите осомничени за случувањата во Собранието. Продолжен беше притворот на 23 лица, меѓу кои пратениците Мукоски, Василевски и Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни Чавков, на Игор Дурловски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски од „Заедничка Македонија“.