Над 1,8 милиони платежни картички се користат во Македонија

04.01.2018 10:40

За разлика од големата бројка платежни картички, за купување на интернет во земјава биле издадени скромни 19.348 картички.

Над 1,8 милиони платежни картички поседуваат македонските граѓани. Најголемиот дел корисници се физички лица, а од брендовите најзастепени се „Виза“ и „Мастеркард“.

За разлика од големата бројка платежни картички, за купување на интернет во земјава биле издадени скромни 19.348 картички.

Од вкупно издадените платежни картички, кредитни се една третина, а другите се дебитни.