Заклучок на Програмскиот совет на МРТ по однос на Мислењето на Владата на РМ

05.01.2018 11:25

По повод реакциите на одредени медиуми и искажаното мислење на Владата на Република Македонија во однос на постапката за донесување на Годишната програма за работа и Финансискиот план за 2018 година на ЈРП Македонска радио телевизија и за почитувањето на професионалните принципи, Програмскиот совет на МРТ го истакнува следното:

Програмскиот совет на МРТ и ЈРП МРТ штитејќи ги интересите на јавноста целосно го испочитува член 113 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги бидејќи на веб страната на МРТ на ден 19.09.2017 година е објавена Предлог програмата за работа на МРТ за 2018 година која секој граѓанин или организација можеше да ја види и да учествува во креирањето, со свои предлози и сугестии. На на ден 30.10.2017 година Програмскиот совет на МРТ на својата 43-та седница ја усвои Годишната програма за работа на МРТ за 2018 година, со што 41 ден Програмата беше достапна за јавноста. Тоа е повеќе од законскиот минимум од 30 дена. Исто така Годишната програма за работа на МРТ за 2018 година беше доставена до Собранието на РМ во рокот предвиден со членот 106 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Програмскиот совет на МРТ укажува дека станува збор за донесување на Годишна Програма на МРТ за 2018 година за работа во која се опфатени активности за наредната 2018 година каде што по карактер и содржина овој документ не може да опфаќа активности и настани кои веќе се случиле во изминатиот период за кои се појавија одредени мислења и реакции во јавноста.

Програмскиот совет многу сериозно пристапи во утврдување на медиумското покривање на МРТ на настанот што се случи во Собранието на Република Македонија на 27 април.Беа побарани и детално разгледани извештаите на главните уредници на Првиот и Вториот програмски сервис и на Собранискиот канал и од истите да се утврди дали постои реална одговорност како и за техничките можности за покривање на овој настан.

Програмскиот совет даде согласност за разрешување на Главниот и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на МТВ, поради побараните а недобиени дополнителни информации од страна на Главниот и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на МТВ, во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година.                                                                                               


Програмски совет на МРТ