На Југот ништо ново

20.02.2014 19:08

Проблемот не е уставното име, туку неисполнувањето на копенхашките критериуми. Грчкиот шеф на дипломатијата Венизелос во Скопје го повтори веќе познатиот став. Како што кажа, Грција за време на претседавањето со ЕУ, ќе помогне за интеграција на регионот во Унијата.

Новинарите прашаа дали ова не е лицемерна политика. Венизелос одговори дека флексибилноста на Грција била причината за  да добиеме кандидатски статус. Го покани македонскиот колега Попоски на претстојниот самит во Солун, со што ќе се отвори ново поглавје за билатерални средби на високо ниво кои ќе се оддржуваат во Скопје и Атина.

-„По средбата со премиерот, овде во Скопје, мојот впечаток е дека заедничкиот именител е нашата волја да ја искористиме процедурата под покровителство на Генералниот Секретар, преку Амбасадорот Нимиц, затоа што нашата заедничка волја е да ја интензивираме процедурата и да ја сфатиме како единствен начин да покажеме почит кон релевантните резолуции на советот за безбедност на обединетите нации. како моја лична забелешка би кажал дека, да, после дводневните средби имам впечаток дека владата и локалниот политички систем, граѓанското општество во Македонија, се подготвени да учествуваат во дијалогот не само за прашањето за името, туку и за проширувањето на билатералната соработка затоа што сите овде разбираат дека Грција е вистинската порта кон европската перспектива и европската и евроатлантската судбина на земјава,“ изјави Евангелос Венизелос – министер за надворешни работи на Грција.

Претседателот Иванов на средбата со грчкиот дипломат истакнал дека решение за отвореното прашање е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ОН, со почитување на резолуциите меѓу кои и на хашката пресуда., без да се навлегува во  идентитетот и човековото достоинство.

Груевски пак на средбата побарал поконструктивен политички дијалог со цел намалување на разликите, за што е потребна посветеност од двете страни.

Иако Венизелос досега посети четири републики, само во Македонија не оддржа заедничка пресконференција со политичарот домаќин.

Попоски – политичката реалност таму во монетот не остава многу простор за очекувања за суштинско поместување. Така што не би имал некои посебни очекувања особено не пред престојните мајски локални европски парламентари избори кои ќе се случат таму. Врпочен ние подолг период сме го искажале нашиот став дека во секој случај владеењео на меѓународното право првеземените обврски и искрениот и отворен дијалог на политичко ниво се единствениот начин за да се помести оваа прашање, изјави Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија.  

Лидерите на политичките партии што се сретнаа со Венизелос се на мислење дека со оваа средба ќе се скрши мразот и ќе биде добар почеток за конструктивен дијалог.

-Пронаоѓање на решение на сите проблеми е можно само по пат на  вакви средби и разговори. И при тоа раководствата на двете земји треба да ги користат праксите за почести средби и разговори за унапредување на севкупната соработка меѓу двете наши земји, смета Зоран Заев – претседател на СДСМ.

-Како што имав побарано и од другите земји на ЕУ но и САД така побарав и од нашиот сосед Грција да помогне во олеснувањето на нашите влагување во евроатлански интеграции, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Помала група демонстранти изутрината пред Владата мирно протестраа со барање нашите политичари да ја потсетат Грција за сите неправди што ни се направени. Во спротивно ако Унијата ја поддржува Грција, Македонија да остане надвор од европското семејство.

Новинар: Анита Димитријевска