Киев

Постигнат договор за надминување на кризата во Украина

21.02.2014 09:06

Се очекува договорот да биде парафиран претпладнево...

На преговорите во Киев кои утрово беа прекинати е постигнат договор за решавање на кризата во Украина, јавува агенцијата ИТАР-ТАС. Како што соопштува кабинетот на претседателот Викотр Јанукович, се очекува тој да биде парафиран претпладнево.
 
На разговорите учествуваа украинскиот претседател Виктор Јанукович, опозициските лидери Арсениј Јацењук, Виталија Кличко и Олег Тјагнибок, министрите за надворешни работи на Германија, Полска и рускиот омбудсман Владимир Лукин. Разговорите траеја речиси осум часа. Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус кој пристигна вчера во Киев со германскиот и полски колега, отпатува од украинскиот главен град.
 
Министерството за здравство изутринава соопшти дека бројот на загинати во Киев од почетокот на немирите во украинскиот главен град во вторникот достигнал 77 лица. Повредени се 577 луѓе, од кои 369 побарале лекарска помош.
 
Учесници во протестите успеаја вчера да го пробијат кордонот на полицијата на плоштадот и земаа за заложници меѓу 60 и 70 полицајци. Локални медиуми јавуваат дека голем дел од нив биле кадети од полициска академија и според очевидци биле на возраст меѓу 18 и 20 години.