Претседателски избори во Чешка

12.01.2018 11:39

Во првиот круг граѓаните имаат избор помеѓу девет кандидати меѓу кои, според предизборните анкети, најголеми шанси освен сигурниот кандидат Милош Земан, во евентуалниот втор круг има и долгогодишниот претседател на Академијата на науки на Чешка, Јиржи Драхош...

Повеќе од осум милиони Чеси денеска и утре ќе излезат на вторите директни претседателски избори.

Во првиот круг граѓаните имаат избор помеѓу девет кандидати меѓу кои, според предизборните анкети, најголеми шанси освен сигурниот кандидат Милош Земан, во евентуалниот втор круг има и долгогодишниот претседател на Академијата на науки на Чешка, Јиржи Драхош, кој се залага за влез на Чешка во еврозоната.

Резултатите од првиот круг ќе се објават в сабота.