Законот за стечајци стапува во сила

21.02.2014 09:30

Од Министерството за труд и социјална политика очекуваат со овој Закон да се опфатат околу 3.000 невработени граѓани...

Законот за материјално обезбедување на невработените лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок со кој што практично се прошири периодот на опфат на невработените лица почнува да се применува од денеска.

 
Сите оние кои останале без работа во периодот од 2000 година до 31 декември 2013 година, а имаат работен стаж повеќе од 25 години и работеле во претпријатија во доминантна сопственост на државата имаат право веќе од петок и во наредните 30 дена да поднесат барање до Агенцијата за вработување на Република Македонија и да добијат материјално обезбедување во износ од 7.100 денари и плус здравствено осигурување.
 
Од Министерството за труд и социјална политика очекуваат со овој Закон да се опфатат околу 3.000 невработени граѓани, односно стечајци или пак невработени по основ на технолошки вишок и ликвидација.