Зимски туризам: Повеќе инвестиции, подобра понуда за гостите

15.01.2018 10:23

Засилена промоција и реконструкција на постојните зимски капацитети се потребни за македонските планини да станат хит за домашните и за странските туристи. Македонија има потенцијал за развој на зимскиот туризам, но е недоволно искористен- велат експертите во туризмот. Неопходно е да се инвестира во зголемување на содржините, за да не ни се случува гостите да ни заминуваат во ски центрите во соседните земји...

Повеќе ски лифтови, патеки, вештачки снег кога е неопходно, поквалитетна угостителка услуга и пристап до зимските центри. Македонија има потенцијал, но недоволно искористен за да ги задржи туристите. Познавачите велат- неопходно е да се инвестира во зголемување на содржините, за да не ни се случува гостите да бегаат во скијалиштата од околните земји.

Понудата да не се ограничи само на лето и зима. Земјава треба и во другите месеци да нуди забава. Модерниот турист, вели Владо Србиновски, претседател на Асоцијацијата за балкански алтернативен туризам „Балканија“- сѐ помалку е роб на агенцискиот аранжман. Сака самиот да си го организира патувањето.

Истражувањата на Светската туристичка организација покажуваат дека најголемиот дел од луѓето сакаат активен туризам, кој меѓу останатото подразбира планирање, велосипедизам и параглајдинг.

Анита Димитријевска