Бизнисмените бараат поголема ажурност од институциите

15.01.2018 13:10

Без брзи административни постапки и професионална администрација не можеме да очекуваме брзо реализирање на нашите иницијативи, истакнува Елена Милевска Штрбевска.

Институциите бавно постапуваат по барањата на бизнисмените, кои ги предлагаат за подобрување на бизнис климата. Иако изминаа неколку месеци откако ги имаат поднесено иницијативите, од надлежните одговор нема. Стопанската комора бара брза реакција.

Без брзи административни постапки и професионална администрација не можеме да очекуваме брзо реализирање на нашите иницијативи, истакнува Елена Милевска Штрбевска.

Според Комората, постои силна волја од страна на Владата за соработка со бизнис-секторот и партнерството е веќе воспоставено, но сепак е неопходна подобра и поефикасна комуникација.

Во однос, пак, на државната програма за развој на економијата, од Комората чекаат да почне да се применува, па потоа да реагираат, доколку има недостатоци.