Роденден на уметноста во МКЦ

16.01.2018 10:47

На 18-ти јануари МКЦ планира повеќе настани- концерти, изложби, перформанси, филмски маратон.

По повод 45 години постоење, Младинскиот културен центар ќе ја организира манифестацијата Роденден на уметноста, со која и официјално ќе ги почне активностите во 2018-та година.

На 18-ти јануари МКЦ планира повеќе настани- концерти, изложби, перформанси, филмски маратон.

Во музичката програма, во Денсинг салата на МКЦ вечерта ќе настапат „Обојени програм“, „Милко“, „Визељ“, „The Local Blue“, а диџеј сет ќе има „Funky Fresh“.

Во галеријата ќе биде отворена изложба на фотографии „Гледај во позитив“, на која ќе се претстават тројца фотографи: Наке Батев со фотографии на тема „Втора шанса“, Томислав Георгиев со „Effegies“ и Огнен Теофиловски на тема „И јас имам сон“.

Во Џебното кино ќе биде изведен перформансот „Каде одат претставите што не се случуваат?“ - авторски проект на Драгана Гунин, а во кино „Фросина“ ќе се одржи поетскиот настан „Песнило“ со настап на млади поети.

Во кино „Милениум“ ќе има филмски маратон.