Македонија напредуваше три места на ФИФА ранг листата

18.01.2018 11:54

Рангирањето претставува награда за одличните резултати.

Македонската фудбалска репрезентација 2018-та година ја започнува со позитивна вест. На првото рангирање на ФИФА годинава, фудбалската репрезентација забележа скок од три позиции и моментално се наоѓа на 73-то место на светската листа.

Рангирањето претставува награда  за одличните резултати. Последен пат на ова место македонската фудбалска репрезентација се наоѓаше пред нешто повеќе од седум години, кога и почна падот на македонскиот репрезентативен фудбал.

Меѓу најдобрите десет репрезентации на листата, нема некоја голема промена. Германија остнаува на првото место пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.