Раст на прометот во индустријата

18.01.2018 14:10

Прометот во индустријата во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, пораснал за 2,6 проценти. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2017, во однос на ноември 2016 година, бележи опаѓање од 7,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 4,9%.

Раст од 6,3 проценти забележа прометот во индустријата во периодот јануари- ноември 2017 година, во споредба со периодот јануари- ноември 2016 година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, пораснал за 2,6 проценти. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2017, во однос на ноември 2016 година, бележи опаѓање од 7,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 4,9%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст од 5,4%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4% и Капитални производи за 4,6%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%.