Денеска први резултати од истрагата за убиството на Ивановиќ

22.01.2018 11:43

Српското обвинителство за организиран криминал покрена сопствена предистражна постапка.

Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ. Српското обвинителство за организиран криминал покрена сопствена предистражна постапка.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега не добило ништо официјално од косовските истражни органи.