Вашингтон: Усвоен предлогот за крај на блокадата

23.01.2018 10:15

Американската влада беше блокирана откако не беше постигнат договор за буџетот што демократите го условуваа со договорот за заштита од депортација на околу 700.000 мигранти.

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша предлог- законот за времено финансирање на владата на САД. За повторно отворање на федералните агенции гласаа 81 сенатор, а 18 беа против, а за буџетските прашања е потребно мнозинство од 60 сенатори.

Американската влада беше блокирана откако не беше постигнат договор за буџетот што демократите го условуваа со договорот за заштита од депортација на околу 700.000 мигранти.

До осми февруари во Сенатот ќе почне дебата за предлог законот за имиграцијата.