ММФ ги подобри прогнозите за глобалниот економски раст

23.01.2018 11:09

Аналитичарите на ММФ ја зголемија прогнозираната стапка на глобален економски раст за 0,2 на на 3,9 насто.

Меѓународниот монетарен фонд ги подобри прогнозите за економскиот раст на глобално ниво за оваа и за следната година. Аналитичарите на ММФ ја зголемија прогнозираната стапка на глобален економски раст за 0,2 на на 3,9 насто.

Забрзаниот раст е распространет со позитивни изненадувања во Европа и во Азија. Растот во Еврозоната годинава ќе биде 2,3 насто, што е за 0,3 проценти повеќе од претходно предвиденото, додека следната година ќе биде 2,2 или за 0,4 насто повеќе од претходната проекција.