АБА Лига

Нов пораз на МЗТ Скопје Аеродром

22.01.2018 20:58

Најефикасен на дуелот беше Огњен Добриќ од Црвена Звезда со 23 поени, додека кај МЗТ Скопје најмногу поени постигна Андреј Маслинко - 15.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа 14-тиот пораз во АБА лигата откако вечерва на домашен терен загубија од шампионот Црвена Звезда со 92:58. За евролигашот од Белград ова беше 14-та победа.

Најефикасен на дуелот беше Огњен Добриќ од Црвена Звезда со 23 поени, додека кај МЗТ Скопје најмногу поени постигна Андреј Маслинко - 15.

Со исклучок на првиот период, кој заврши со минимална предност на гостите - 21:18, во другите четвртини „црвено-белите“ беа резултатски подобри и постојано ја зголемуваа предноста.