САД: Надмината финансиската блокада

23.01.2018 12:47

Финансиската блокада на владата во Вашингтон е надмината. А сенатот и претставничкиот дом го одобрија компромисот постигнат меѓу Републиканците и Демократите за полнење на буџетот. Владините служби се враќаат на работа...

Републиканската и Демократската партија постигнаа компромис за продолжување на финансирањето на буџетот до 8-ми февруари, период во кој ќе се водат и преговори за нова регулатива во рамките на мигрантската политика. Американскиот претседател Трамп го потпиша законскиот акт за привремен буџет. Поддршката за отстранување на финансиската блокада и реактивирањето на владините служби, демократите ја условија со барање за заштита од депортирање на 700.000 млади илегални мигранти, откако претседателот Трамп ја укина програмата од неговиот претходник Барак Обама.

Горд сум што по три дена на непотребно несогласување за финансирањето,  мнозинството од двете страни го доведе до крај маратонското излагање на демократските лидери и што е усвоен документ за повторно отворање на федералната влада“, изјави Мич Мекконеллидер на Републиканците во Сенатот.

За првпат по пет години е отворен простор за соработка. Ќе дебатираме за доселениците. Не откажувајте се од сонот. Знам дека многу животи зависат од она што ќе се случува во Капитол хил и во Белата куќа. Се надевам дека ќе прославувате усвојување на мерка која ќе ја зголеми моќта на Америка и која ќе ве вклучи во нејзината иднина“, вели Дик Дурбин, демократски сенатор од Илиноис.

Делумното затворање на американските федерални служби беше резултат на неуспешниот обид на двете страни во Сенатот да постигнат компромис. Против предлогот не гласаа само сенаторите демократи, туку и дел од Републиканците. Претседателот Трамп сепак целата вина им ја припиша на политичките противници.

 

Маја Филдишев