Охрид

Можности за поголема искористеност на приватните сместувачки капацитети

23.01.2018 15:56

Со поддршка на швајцарската агенција за развој и соработка „ИМЕ“, охридските сопственици на приватни сместувачки капацитети ќе се обидат да го подобрат квалитеттот на услугите и да ја збогатат понудата. Тоа треба да придонесе за поголема искористеност на капацитетите во приватното сместување во текот на целата година.

Современите текови на глобалниот туристички пазар налагаат воведување на специфични туристички производи, според вкусот и потребите на конкретни категории на туристи. Охрид својата туристичка понуда мора да ја прилагоди со новите светски трендови и во таа насока да работи не само на нејзино унапредување, туку и на прилагодување на цените според понудата и побарувачката во различни периоди од годината.

Тоа значи дека ако во некоја сезона не сме доволно атрактивни можеме да понудиме содржина заради која што ќе станеме атрактивни. Се додека сме јасни, со јасна визија која целна група сакаме да ја привлечеме, во тој случај можеме да направиме добар пакет со добри цени“, изјави Елена Ивановаменаџер по туризам во швајцарски ИМЕ.

Охрид има голем потенцијал, но е потребен усогласен настап на сите сопственици на индивидуални сместувачки капацитети, во зависност од барањата на специфичната група туристи.

Добрата авионаска поврзаност на Охрид со повеќе светски центри, евтините авио-билети и очекуваното автопатско поврзување се фактори кои позитивно влијаат на подобрувањето на севкупната понуда. Тие комбинирани со недоволно искористените сместувачки капацитети претставуваат огромен потенцијал, особено ако се следат светските туристички трендови, каков што во моментов е авантуристичкиот туризам“, вели Албион Идризи- експерт по туризам.

На работилницата позитивно беше оценет проектот на локалната самоуправа кој се одвиваше од 20-ти декември до 20-ти јануари, при што на гостите им беа понудени различни содржини кои таргетираа конкретни категории туристи.

 

Сашо Нелоски