Игран филм

ДЕН НА ОПСАДА- 11 СЕПТЕМВРИ 1683, 2 ДЕЛ

Сабота (03.02.2018) 21:50

Италија/ Полска, 2012

Режија: Ренцо Мартинели
Улоги: Френк Мјуреј Абрахам, Енрико Ло Версо, Јиржи Сколимовски
Жанр: драма/ авантура/ историски

Приказната започнува еден век порано, по првата опсада на Виена, за да можат гледачите да имаат појасна претстава за многубројните и различни конфликти  помеѓу христијанската Европа и муслиманската Отоманска империја кои допринеле за судбоносниот ден- 11.септември и битката за Виена. Летото, 1683 година, околу 30 илјади војници на  Отоманското царство предводени од  големиот везир Кара Мустафа, започнуваат опсада на Виена. Освојувањето на Виена им овозможува освојување и на Европа. На 11. септември се одиграла голема битка,  а потоа се појавила полската војска под водство на Јан Трети Собирски, со што е запрен продорот на Турците во Европа