Русија: САД си играат со картата на Сирија

25.01.2018 10:30

Во соопштението се додава дека целта била да се попречат мировните преговори во Сочи.

Руското Министерство за надворешни работи ги негира обвинувањата од Вашингтон дека  руските и силите на сириската влада вршеле напади со хемиско оружје во сириската област Гута.

Во соопштението се додава дека целта била да се попречат мировните преговори во Сочи. Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон ја обвини Москва за жртвите од новиот напад во предградие на Дамаск за кој постојат сомнежи дека е извршен со хемиско оружје.