Трамп пристигнува на Светскиот економски форум во Давос

25.01.2018 11:04

Разговорите се фокусирани на Иран, Блискиот Исток и на Северна Кореја. Трамп ќе зборува и за економскиот раст на својата земја и за берзата.

Агендата на американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос опфаќа билатерални средби со британската премиерка Тереза Меј, и со претседателот на изралеската влада Бенјамин Нетанјаху. Разговорите се фокусирани на Иран, Блискиот Исток и на Северна Кореја. Трамп ќе зборува и за економскиот раст на својата земја и за берзата.

Францускиот претседател Емануел Макрон на денот посветен на Европа, нагласи дека се неопходни инвестиции од глобалната елита и изрази интерес за обраќањето на Трамп во однос на бизнис- стратегиите на САД.

„Добро е што претседателот Трамп ќе ни ја објасни неговата стратегија, и што доаѓа со некаква намера за конфронтација и за дијалог, исто како мене. Мораме да соработуваме со САД за иднината на Сирија, за стабилизирањето на Блискиот Исток. Со нив, а и со Кина, мора да работиме на севернокорејското прашање, и борбата против тероризмот“, изјави францускиот претседател Макрон.

Прифаќањето на понудата на учество на годинашниот самит ги изненади останатите делегати бидејќи челникот на Белата куќа често го критикуваше собирот на богатите и моќните капиталисти.