Африн

Жестоки борби од двете страни на фронтот во Сирија

25.01.2018 13:30

САД, ЕУ и официјален Берлин и натаму се воздржани. Дел од политичарите ја повикуваат Турција и курдските борци да се воздржат од насилство.

На северот од Сирија жестоки борби меѓу турската армија и сириските курди.  На страната на Курдите се борат и некои германски граѓани, а турската војска користи тенкови од германско производство.  Најжестоките борби се водат во Африн.

САД, ЕУ и официјален Берлин и натаму се воздржани. Дел од политичарите ја повикуваат Турција и курдските борци да се воздржат од насилство.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон рече дека ситуацијата на северот во Сирија е многу тешка и дека Курдите придонеле во борбата против терористите од Исламска држава, но дека од друга страна, Турција има легитимно право да ги штити своите граници и безбедноста.