Боздаг: САД ризикуваат конфликт со Турција

25.01.2018 15:17

Турција во саботата почна офанзива „Маслиново гранче“ во курдската енклава Африн во Сирија, а премиерот Бинали Јилдирим изјави дека нема да дозволи создавање на терористички ентитет долж турската граница.

САД треба да престанат да ги поддржуваат терористите, доколку сакаат да избегнат евентуална конфронтација со Турција во Сирија, предупреди турскиот вицепремиер Бекир Боздаг.

Турција во саботата почна офанзива „Маслиново гранче“ во курдската енклава Африн во Сирија, а премиерот Бинали Јилдирим изјави дека нема да дозволи создавање на терористички ентитет долж турската граница.

Челниците на двете сили, Ердоган и Трамп, разговарале телефонски за состојбата на фронтот.