Јужна Кореја: Жртви и повредени во пожар во болница

26.01.2018 11:06

Околу 200 луѓе се наоѓале во петкатницата кога огнот се разгорел. Педесетина пациенти биле префрлени во четири соседни болници, а околу 90 лица од дом за згрижување стари лица се евакуирани.

Четириесетина луѓе загинаа, а речиси 80 се повредени во пожар во болница во Јужна Кореја. Пожарот избувнал во сала за итни случаи на првиот кат од главната зграда на болницата.

Околу 200 луѓе се наоѓале во петкатницата кога огнот се разгорел. Педесетина пациенти биле префрлени во четири соседни болници, а околу 90 лица од дом за згрижување стари лица се евакуирани.

Причините за несреќата се уште се непознати. Пред еден месец, во пожар во Фитнес клуб во Чечхон загинаа 29 лица.