CEED HUB

За успешен старт- ап, парите и менторството подеднакво важни

26.01.2018 16:50

Искуствата покажуваат- со пет до осум илјади евра може да се почне старт- ап бизнис, велат од CEED Hub- проектот за развој на мали и средни фирми. Од денеска во нови простории на Машинскиот факултет. Основан е пред две години и досега развил бизниси на 50- тина претприемачи.

Со пет до осум илјади евра се почнува старт- ап бизнис, но од знаењето од менторите, обуката, начинот на распределба на финансиите, зависи дали идејата ќе се преточи во добар производ- убедуваат претприемачите. Со 66 илјади долари, под капата на CEED Hub Мaкедонија 11- мина успешно го вмрежиле бизнисот.

„Од CEED што ни овозможија да имаме многу добро искуство, освоивме и втора награда на натпревар, за старт- ап бизнисите е многу тешко за работа во Македонија за разлика од другите Европски држави“, вели Сашо Крстевски, сопственик на старт- ап бизнис.

Подршка за претприемништвото со 30 насто поврат на инвестицијата од опрема, со 70 проценти од трошокот за воведена иновација, пари од буџетката каса за старт- ап бизниси и мали фирми- ветува Владата.

„Освен поддршката преку таканаречените меки мерки, односно за покривање на трошоци за едукација и обуки, Владата ќе ги поддржи старт- ап и малите компании со директна финансиска помош. Малите и средни претпријатија ќе бидат поддржани со 30 проценти поврат на инвестициите за основните средства за извршување на дејноста, а ќе се овозможи 70 отсто поврат на инвестиција за компании кои ќе воведуваат иновации и ќе креираат нови производи“, посочува Кочо Ангушев,  вицепремиер за економски прашања.

Од CEED нудат до 10 илјади долари проектите да добијат додадена вредност.

„Со инвестиција од 10 илјади долари им се помага на старт- ап да си го направи прототипот, да го дизајнира прoизводот и услугите и да го испита пазарот за да може кога ќе дојдат во клубот на бизнис ангели да може да бидат поуспешни“, посочуваат од CEED Македонија

Новите простории на Машинскиот факулетет за развој на „Проектот за мали и средни бизниси“ на УСАИД- финансиран од Швајцарската амбасада - провокација за четири илјади студенти од техничките науки, наместо на работа во странство, со подршка на искусните претприемачи, идеите да ги преточат во бизнис- согласна и академската јавност.

„Ова е токму за студентите, со ваквата кацеларија ќе се даде подобар квалитет на животот во земјата“- уверува Дарко Данев, декан на Машински факултет.

CEED проектот за развој на мали и средни бизниси почна пред две години. Го финансира Швајцарската амбсада.

„Повеќе од 50 потенцијални претприемачи беа корисници на акцелераторски програми од страна на хабот, а 11 добија инвестиции“, вели Дејвид Отбери, директор на УСАИД

Наскоро се очекува и на Економски факултет да се етаблира проектот на CEED Hub, да се етаблираат нови бизнис идеи од млади претприемачи.

 

Сузана Фиданска Стоевска