Концерт на виолинистот Роман Симовиќ со Македонската филхармонија

26.01.2018 17:26

Симовиќ за македонската публика ќе го изведе еден од најпопуларните концерти за виолина, виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 1 од рускиот композитор Петар Илич Чајковски.

„Чајковски и Бетовен“ е претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи в среда во 20 часот. Како солист ќе настапи еден од најуспешните црногорски и европски виолинисти Роман Симовиќ (1981), кој е концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар, а во исто време е ангажиран и како концерт-мајстор со Марински театар и со Минхенската филхармонија.

Симовиќ за македонската публика ќе го изведе еден од најпопуларните концерти за виолина, виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 1 од рускиот композитор Петар Илич Чајковски.

Диригент овој пат е нашиот маестро Борјан Цанев, а оваа вечер ќе биде изведена и Симфонијата бр. 1 од музичкиот гигант Лудвиг ван Бетовен.

Роман Симовиќ се издвојува од останатите виолинисти по неговата брилијантна виртуозност со неограничена имагинација.