Хрватската упати протестна нота до Србија

29.01.2018 11:27

Српскиот претседател Вучиќ, пак, оцени дека протестната нота е еднаква на онаа што Германија би им ја упатила на Евреите за обележувањето на Денот на холокаустот.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Амбасадата на Србија во Загреб во која се изразува длабоко незадоволство заради изјавите на српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ искажани во седиштето на Обединетите нации во Њујорк на 25 јануари 2018-та година на отварањето на изложбата „Јасеновац - право на сеќавање“.

Српскиот претседател Вучиќ, пак, оцени дека протестната нота е еднаква на онаа што Германија би им ја упатила на Евреите за обележувањето на Денот на холокаустот. Додаде дека „можеби може да разбере дека Србија и Хрватска не можат да се усогласат околу настаните од пред 27 години“, но не може да разбере како не е можно да постигнат согласност околу она што се случувало пред повеќе од 70 години.