Париз: Нивото на Сена достигна речиси шест метри

29.01.2018 12:12

Според француските власти, Сена во еден момент достигнала ниво од 5,84 метри, што е за четири метри над нормалата.

Нивото на реката сена во париз изминатата ноќ драстично се зголемило, достигнувајќи речиси шест метри, по што почна бавно да се намалува.

Според француските власти, Сена во еден момент достигнала ниво од 5,84 метри, што е за четири метри над нормалата.

Поради напливот на Сена, седум станици на париското метро ќе останат затворени најмалку до 5-ти февруари.