Утре во Сочи состанок за Сирија

29.01.2018 15:36

На конгресот се очекуваат околу 1.500 делегати од опозицијата и провладните сили, како и претставници од различните етнички и религиозни групи и делгации од државите вклучени во мировниот процес.

Во пресрет на утрешниот конгрес за дијалог во Сирија што ќе се одржи во Сочи, Русија, портпаролката на руското Министерство за наворешни работи, Марија Захарова го потврди присуството на курдската делегација.

На конгресот се очекуваат околу 1.500 делегати од опозицијата и провладните сили, како и  претставници од различните етнички и религиозни групи и делгации од државите вклучени во мировниот процес.

„Руската страна ги покани Курдите. Ова не беше лесно. Голем број на играчи сторија сѐ што беше можно за да ја спречат курдската делегација да присуствува на конгресот. Ние се држевме до нашите основни принципи и кажавме дека еден широк дијалог за иднината на оваа голема земја не е возможен без присуство на курдската делегација“, изјави Захарова.